Театрологот Ана Стојаноска во ДПМ ќе одржи тематско предавање со наслов „Да пишуваме за театар!“

Ана Стојаноска / Фотографија: Димитар Атанасоски

Во Друштвото на писателите на Македонија на 10 декември, со почеток во 19 часот, писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска ќе одржи интерактивно предавање со наслов „Да пишуваме за театар!“.

– Затоа за мене театарот е најубавата уметност – забележува Ана Стојаноска, и додава: „Трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега.“

Предавањето е од отворен карактер, а влезот е слободен за сите љубители на „штиците што живот значат“, истакнуваат од Друштвото на писателите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот