Театарска награда: „Будење на пролетта“ победи на МТФ „Скупи фестивал“

Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ во своето 14-то издание се одржа од 17 до 22 септември во Куршумли ан, во Старата скопска чаршија. На фестивалот беа изведени претставите „Црна кутија“ од Паоло Џеновезе на „Театар Миѓени“ од Скадар, Албанија, „Граматичко нарушување“ од Фрања Петриновиќ на Српски народен театар од Нови Сад, Србија, „Целата моја љубов“ од Лаурен Мовиние на Сараевски воен театар, Босна и Херцеговина, „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд на Косовскиот национален театар од Приштина, Косово, „Кокошка“ од А.П. Чехов и Николај Кољада на „СПАМ Студио“ од Софија, Бугарија, „Златна лопата“ од Фердинанд Хуси на „Театар Мергимтари“ од Загреб, Хрватска, и „Дел од колекцијата“ од Димитар Воев на „Театар Вагабонди“ од Софија, Бугарија.

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а жирито во состав Наташа Поплавска, Амернис Нокшиќи Јовановска и Евис Халили донесе одлука за најдобра претстава на „Скупи фестивал 2020“ да ја прогласи „Будење на пролетта“ на авторот Франк Ведекинд, во режија на Зана Хоџа и во продукција на „Артполис“ – Центар за уметност и заедница и Косовскиот национален театар од Приштина, заради цврстиот режисерски концепт и современа естетика, покажувајќи „нов правец“ на балканскиот театарски израз, кој е во чекор со европскиот, делувајќи во полето на „тотален театар“ со употреба на музика, драма, танц и видео, со актерска игра што ги поместува границите.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот