Тажна вест за обожавателите: По повторното собирање, „АББА“ најави конечен крај!

АББА

За многубројните обожаватели ширум светот на ликот и делото на една од најпопуларните групи во светот, пристигнува тажна вест.

Eден од членовите на легендарната „АББА“, Бени Андерсон за „Гардијан“ изјави  дека групата повеќе нема да се обедини, односно дека ќе се распадне.

Иако безброј фанови на легендарната шведска музичка група „АББА“ конечно го дочекаа деветтиот студиски албум „Voyage“, кој ќе се најде во продажба на 5 ноември, сега ги затекна веста за конечното распаѓање на неодамна „обновената“ група.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

„Тоа е тоа“, изјави Бени Андерсон (74), еден од членовите на познатата група за „Гардијан“ за раскинувањето, кое е поинакво од она што се случи во 1982 година.

„Таа дамнешна година не реков дека „АББА“ никогаш повеќе нема да се повтори. Но, сега можам да ви кажам: Овој пат е дефинитивно крај“, објаснил Андерсон.

И покрај тоа, обожавателите сè уште имаат совршена можност на најубав начин да се простат од саканата група која идната пролет слави 50-годишнина од основањето.

Нивниот нов албум „Voyage“ со 10 песни ќе биде објавен на почетокот на ноември, а во продажба се и билетите за истоимената придружна турнеја, која започнува во 2022 година со концерти во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Новата песна „Don’t Shut Me Down“ која многу потсетува на најпознатите диско хитови на бендот е веќе преслушана повеќе од 25 милиони пати на Спотифсј, а „I Still Have Faith in You“ има повеќе од 15 милиони прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABBA (@abba)

Формирани во 1972 година, „АББА“ е шведска супергрупа, составена од текстописците Бјорн Улвеус и Бени Андерсон и пејачките Агнета Фелтског и Ани-Фрид Лингстад,  која достигна невидена слава и меистрим успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот