судење за прегазувањето на Фросина Кулакова / Фото: Слободан Ѓуришиќ - Слободен печат

Таткото на Васил Јованов не дојде на судење – судот не можел да го најде дома, а обвинителството му го смени кривичното дело во поблаго

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова не дојде на почетокот на судењето против него.
Судијката Снежана Марковска, која го судеше и Васил, кажа дека два пати судот испратил покани и го барал Јованов на адресата, но се враќала како неуредна.

Потоа го известиле и Министерството за внатрешни работи, за да потврди дека таа е неговата адреса, но од МВР не добиле повратен одговор дека го нашле на адресата.

На прашањето до судијката зошто не бил стражарно приведен таа кажа дека ги искористиле сите законски механизми што се предвидени.И поканата до адвокатот Сашко Дуковски се вратила како неуредна.

-По барањето за изјаснување за достапноста и врачување на покана повратницата е вратена со уреден печат и потпис од примачот но не е доставена испратница дека истите се доставени до обвинетиот – рече судијката.

Обвинителот Александар Марковски пак соопшти дека го сменил кривичното дело за нијанса поблаго, односно сега наместо за предизвикување на општа опасност таткото ќе се гони за загрозување на безбедноста во сообраќајот.

-Во случајов станува збор за нијанса поблаго кривично дело но истото беше неминовно да биде направено бидејќи начелото на специјалитет наложува да се интервенира во оваа насока кога една друга норма ќе ги содржи сите обележја на претходната, но ќе се разликува во натамошно посебен аспект – рече Марковски во судница.

Новото кривично дело предвидува парична казна до една година затвор, додека пак претходното до три години затвор.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков ја нарече судијката судија на мафијата и денешното рочиште го гледа како правен инженеринг.

Следното рочиште е закажано за на 10 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот