Таткото на славниот актер бил платен убиец, а сега Нетфликс ќе снима серија за него

Фото: Инстаграм

Еден од најпопуларните актери на светот, Вуди Харелсон, не е тип на глумец чие име се развлекува по таблодите, но дел од неговата биографија заслужува екранизација, а тоа најверојатно ќе го направи Нетфликс, така што ќе сними серија за неговиот татко Чарлс Харелсон, осуден убиец.

Чарлс во 1979 година е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд Јуниор, а пред тоа го поврзуваа со низа на други убиства. Многумина се убедени дека е поврзан со „црното“ подземје и дека работел како платен убиец.

Во криминалните води веројатно влегол во периодот кога имал многу коцкарски долгови, поради што морал да дојде до големи парични суми, но не се грижел за тоа како ќе заработи.

Зад решетки го одведе убиството на судијата, за кое еден дилер му исплатил 250.000 долари.

Вуди Харелсон вели дека нема проблеми да зборува за својот тако, а во 1988 годна во интервју за магазинот „Пипл“, тој рече дека тој не можел многу да учествува во неговото воспитување, а го посетувал во затвор еднаш годишно.

„Можеби ќе ви биде чудно, бидејќи зборувам за осуден убиец, но мојот татко беше еден од најелоквентните, најчитани и најшармантни луѓе кои ги познавам. Гледам на него повеќе како на некој кој би можел да ми биде пријател, отколку на некој кој ми е татко – рече во таа прилика Харелсон.

Засега не е познато кога Нетфликс планира да започне со овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот