Таткото на Нејмар на преговори со Јувентус

Таткото на бразилскиот репрезентативец, Нејмар сениор се наоѓа во Торино каде го очекува средба со директорите на Јувентус, Фабио Паратичи и Павел Недвед.
Оваа информација ја објави каталонскиот весник „Ел Мундо депортиво“, а потоа ја потврди и италијанската телевизија РАИ. Според двата медиуми, Нејмар сениор ќе преговара за евентуален трансфер на неговиот син во италијанскиот шампион.

„Старата дама“ досега ги ангажираше Арон Рамзи, Адриен Рабио кои дојдоа без обесштетуваше, а трансферот на Де Лихт изнесуваше 75 милиони евра. Силните засилувања за и така силниот Јувентус предводен од Кристијано Роналдо, и големите даночни олеснувања кои ќе стапат на сила на 1 септември, го направија италијанскиот шампион атрактивна дестинација за најдобрите фудбалери.

Од друга страна, Барселона цело лето се обидува да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ но не може да одговори на преголемите барања на ПСЖ. Последната понуда на Барселона од 40 милиони евра плус Фелипе Кутињо и Осман Дембеле беше веднаш одбиена бидејќи францускиот тим бара 100 милиони во кеш и двајцата играчи.
Поради тоа, челниците на шпанскиот шампион планираат да подигнат кредит во висина од 350 милиони евра за да го реализираат трансферот на Бразилецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот