Татко го тормозел бившиот дечко на ќерка му – му ги барал парите што им ги давал за кирија
57-годишен жител на селото Идризово вчера е уапсен откако примил обележани пари што ги изнудил од поранешното момче на неговата ќерка, соопшти полицијата. Тој бил уапсен во кафеана откако момчето му ги предало парите, кои таткото ги барал затоа што плаќал кирија за ќерка му да живее заедно со поранешниот дечко.
Препорачано
Според МВР, пријавениот почнал да му се заканува на 26-годишниот скопјанец, кој претходно бил во врска со неговата ќерка. Таткото барал оштетениот да му исплати одредена сума на пари за трошоци што тој ги покривал додека тројцата живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош. Парите што ги барал биле за кирија за станот, поправки на автомобил и други трошоци. Откако момчето го пријавило случајот, полицијата ги обележала парите, а тој му ги дал на изнудувачот.
„Лицето е лишено од слобода веднаш откако од пријавителот примило 200 евра, кои претходно биле крим-технички обработени“, велат од МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
52мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


