Татко ѝ на Бритни Спирс со влошено здравје: Му била ампутирана ногата

Бритни Спирс и татко ѝ Џејми / Фото: EPA/Profimedia

Џејми Спирс (71), таткото на американската пејачка Бритни Спирс (42), поминува низ тежок здравствен период – пред еден месец му била извршена ампутација на ногата, објавија американските медиуми.

Инаку, тој имал сериозна инфекција на едната нога, поради која бил хоспитализиран со недели. Имал пет неуспешни операции за да ја контролира инфекцијата, но лекарите одлучиле дека единственото решение е хируршко отстранување на ногата.

Бритни неодамна почна да се среќава со мајка ѝ Лин, па постои надеж дека ќе го обнови нарушениот однос и со татко ѝ Џејми. Многумина веруваат дека, без разлика на нивното минато, на пејачката ѝ недостига татко ѝ и дека тој не ѝ е лут поради тоа што го изгуби старателството над неа.

„Тој се соочуваше и со други болести, а беше и депресивен поради критиките за неговото раководење со старателството (над Бритни)“, пишуваат медиумите за Џејми, кој водеше голема битка со алкохолизмот.

Сепак, дел од оние кои беа вклучени во животот на Бритни во 2007 година, кога Џејми се пресели од Луизијана да се грижи за неговата ќерка, велат дека нејзиниот татко, можеби, дури и ѝ го спасил животот.

Бритни и Џејми Спирс во 2008 година / Фото: Profimedia

Не е познато дали повторното воспоставување на односот татко – ќерка ќе влијае на тековната правна постапка за обвиненијата за старателство.

Во октомври, американските медиуми објавија дека Џејми живее со својата најмлада ќерка Џејми Лин во Луизијана, по уште една неуспешна рехабилитација. Неговата борба со алкохолот ѝ е позната на јавноста уште од книгата на неговата поранешна сопруга – „Преку бура“ („Through the Storm“). Поради овој проблем живеел на разни места, со разни луѓе, но не престанал да се бори, иако досега сите битки биле неуспешни.

Татко ѝ на Бритни преживеа спонтатна руптура на дебелото црево во 2018 година. Наводно, тоа се случило поради неговиот долгогодишен проблем со алкохолизмот.

„Пред неколку месеци, татко ми беше хоспитализиран и за малку ќе умреше. Сите сме многу благодарни што остана жив, но му претстои уште долг пат”, напиша тогаш пејачката на Твитер.

Концерт на Бритни Спирс во Лас Вегас, во 2017 година / Фото: Grant Buchanan / FameFlynet.uk.com / Splash_ / Profimedia

Бритни дури и го откажа својот втор проект во Лас Вегас, „Доминација“ („Domination“), за да се грижи за нејзиниот татко. Во период од четири години, од 2013 до 2017, пејачката настапуваше секоја вечер на нејзиниот прв проект „Дал од мене во градот на гревовите“ („Piece Of Me in Sin City“), кој е еден од најпрофитабилните во историјата на Лас Вегас.

„Ќе се фокусирам на грижата за моето семејство. Ние имаме многу посебен однос и сакам да бидам со моето семејство, исто како што и тие отсекогаш беа тука за мене. Моето семејство е на прво место и тоа е одлука што морав да ја донесам“, рече тогаш таа.


Сепак, во сведочењето на судот во 2021 година, Бритни тврдеше дека Џејми ја принудил да каже дека го прекинува проектот „Доминација“ за да се грижи за него. Таа детално го опиша ужасното злоставување кое го доживеала за време на нејзиното 13-годишно старателство.

Пејачката пред судот изјави дека нејзиниот татко сосила ја однел во установа за ментално здравје. Таму била подложена на екстремни методи на лекување кои се користат за луѓе со тешки ментални проблеми. Нејзиниот татко ѝ поставил голем ултиматум на оваа тема – ако некогаш ја оспори опцијата за лекување што тој ја избрал, таа ја губи битката.

Од 2021 година, пејачката не разговарала, ниту го видела својот татко.

Мемоарите на Бритни Спирс го принудија Џастин Тимберлејк да направи голема промена на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот