Тасески: Го освоивме трофејот, сè беше перфектно и се надевам на поголеми успеси
Македонија слави уште еден историски ракометен успех, ГРК Охрид е победник на ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2025/2026, повторувајќи го успехот на Алкалоид од претходната година.
Препорачано
Играчите на тренерот Борис Ројевиќ направија чудесен резултат во својата прва сериозна европска сезона.
Ја совладаа Татабања во салата „Билјанини извори“ пред своите верни навивачи во реваншот од финалето со 31:25 (12:11) (прв натпревар 29:28), завршувајќи ја европската сезона со 11 победи и само еден пораз.
Во победата и историскиот успех во финалниот меч придонесе и пивотот на ГРК Охрид, Иван Тасески кој запиша три гола против Татабања.
– Малку влеговме во грч во натпреварот, знаевме дека ќе биде вака. Атмосферата беше феноменална, во второто полувреме ги намаливме грешките во напад, зицерите почнавме да ги реализираме. Одбраната функционираше перфектно на овој натпревар и на крајот го освоивме пехарот, сега останува да славиме. Благодарност до навивачката група „Рибари“, беа одлични, сè беше перфектно, и се надевам на поголеми успеси – изјави Тасески по реваншот со унгарската екипа.
Историско славје за Охрид, трофејот од ЕХФ купот остана во Македонија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


