Арбен Таравари - Фото / Слободен печат - Методи Здравев
Арбен Таравари - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Таравари предлага „фискална федерација“, бара „нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците“

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој со години во јавноста беше доживуван како умерен политичар кога се во прашање меѓуетничките односи во Македонија, во поткастот „Риштази“ („Скоро“) на „Коха“ најави дека партијата наскоро ќе излезе со предлог за „нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата“.

Таравари овој, досега нечуен предлог, го опишува како „фискална конфедерација или федерација“. Тој нагласува дека „федерализацијата“ на државата не се однесува на територијална поделба.

„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна кауза ќе биде децентрализацијата – фискална конфедерација или федерација, не територијална“, изјави Таравари, кој звучеше како да не знае дека во Македонија живеат и други етнички заедници освен Македонците и Албанците.

Според него, ваквиот модел би значел поголеми овластувања и повеќе финансиски средства за општините, со што локалната самоуправа би добила „значително посилна улога во управувањето и развојот“.

Таравари не навлезе во детали околу тоа како конкретно би функционирала предложената „фискална конфедерација или федерација“, за која, за да биде возможна, би требало да се менува и Уставот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот