Талибанците извршиле јавно камшикување врз 63 лица на стадион во Авганистан
Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) денеска го осуди јавното камшикување што го извршија талибанците врз најмалку 63 лица, меѓу кои 14 жени.
Препорачано
Врховниот суд на талибанците преку соопштение потврди дека јавното камшикување на сторителите на злосторствата содомија, кражба и „неморални односи“ било извршено на спортски стадион на северот на земјата, во провинцијата Сари Пул.
Канцеларијата на ОН на социјалната мрежа Х ја осуди таквата казна и ги повика талибанците, кои дојдоа на власт во Авганистан во 2021 година и драматично ги намалија правата на жените и девојките како за време на нивното прво владеење, да ги почитуваат нивните меѓународни обврски во однос на човековите права.
Иако тврдокорните исламисти ветија дека ќе владеат поумерено отколку во периодот од 1995 до 2001 година, набргу по враќањето на власт тие се вратија на праксата на строго јавно казнување со егзекуции, камшикување и каменување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
17мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


