Талевски: Дојдов во Балинген за да играм

Филип Талески  само неколку часа откако го раскина договорот со Рајн Некар, и офцијално беше промовиран во нов ракометар на новиот бундеслигаш, Балинген. Тој на промоцијата не го криеше задоволството што доаѓа во нов тим бидејќи во Балинген ќе го добие тоа што не го доби во Рајн Некар, поголема минутажа.

„Едвај чекам да се појавам на теренот, и да почнам да играм редовно. Доаѓам овде бидејќи верувам дека ќе имам шанса да играм стандардно, што е најважно за мене во моментов. Разговарав со Владан Липовина, кој ми помогна да се решам бидејќи ми кажа само позитивни работи за тимот, тренерот и за клубот“, изјави Талески по потписот за Балинген.

Задоволство од ангажманот на македонскиот репрезентативец искажаа и челниците на новиот бундеслигаш.

– Го баравме Талески од моментот кога стана јасно дека за него нема иднина во Рајн Некар, по потписот со Лагард. Ги интензивиравме разговорите и конечно успеавме да постигнемедоговор. Голема благодарност до раководството на Рајн-Некар Левен, без чија помош трансферот на овој голем талент на европскиот ракомет ќе беше невозможен – изјави Волфганг Штробл, претседателот на Балинген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот