Талески: Против Данска покажавме дека знаеме и можеме, Македонија го нема покажано најдоброто

филип талески
Филип Талески треба да биде еден од носителите на македонската репрезентација на ЕП/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Алборг каде ја очекува нова пресметка со светскиот шампион Данска. Вчера Македонија со 33:29 ја совлада Данска, а еден од најзабележителните беше бекот на Вардар, Филип Талески со пет постигнати голови.

– Секоја критика е добредојдена. Мислам дека треба да ја сфатиме добронамерно. Некои работи се кажуваат во жар, во еуфорија. До мене доаѓаат и погрдни коментари, ама ги разбирам, знам како се чувствуваат и знам како е од навивачки аспект, како и желбата која сакаат да ја видат на терен од нас. Со Данска покажавме дека знаеме, можеме и дека оваа Македонија го нема кажано своето најдобро. Пред нас претстои многу работа и мора да го слушаме нашиот нов селектор Кирил Лазаров, кој секоја тактика што ја спреми, испадна паметна. Мора да ги спроведуваме неговите совети со секој противник, па на секој меч работите да бидат позитивни – изјави Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот