Така работат во Италија: Поради расистичкиот наслов, Милан и Рома забранија влез на новинари

Како и што се очекуваше по контроверзната насловна страница на Кориере дело Спорт на која го најавува вечерашното дерби помеѓу Интер и Рома, предизвика бура од реакции.

Да потсетиме, италијанскиот весник на насловната страница покрај двајцата црномурести фудбалери, Ромелу Лукаку и Крис Смолинг стоеше наслов „Black Friday“ (Црн петок).

И двајцата фудбалери веднаш се јавија со реакција на социјалните мрежи во која го осудија потегот на „Кориере дело Спорт“. Чекор подалеку отидоа екипите на Милан и на Рома кои одлучија да ги затворат вратите за новинарите на „Кориере дело Спорт“ до крајот на годината.

„Веруваме дека фудбалерите, клубовите, навивачите и новинарите мораат да бидат единствени во борбата против расизмот во фудбалот. Поради насловот „Црн петок“ кој излезе во весникот, Милан и Рома одлучија да им забранат влез на своите стадиони на сите вработени во „Кориере дело Спорт“ до крајот на годината.

Бидејќи уредниците се извинија и испратија антирасистичка порака, забраната за „Кориере дело Спорт“ е на сила само со јануари. Остануваме одлучни во разбивањето на расизмот“, стои во соопштението на официјалната страна на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот