Тајванец си ги ампутирал нозете за да добие отштета од милион фунти

Фото: Принтскрин/ Икс/ New York Post

Човекот, идентификуван само со неговото презиме Чанг, беше обвинет откако наводно се обидел да бара повеќе од 1 милион фунти за двојна ампутација преку смрзнатини, пишува „Њујорк пост“.

24-годишникот од Тајван е обвинет дека намерно ги потопил нозете во кофа со сув мраз, откако лани во февруари му биле ампутирани екстремитетите поради смрзнатини. Неговите стапала наводно биле потопени во вода од -78,5 степени Целзиусови 10 долги часови, што наводно било сè што било потребно за да добие осигурување од 1 милион фунти.

Тој тогаш тврдел дека се здобил со повреди од смрзнатини за време на несреќа со скутер во северен Тајван само неколку дена претходно.

Сепак, според Окружното обвинителство во Тајпеј, се вели дека му помагал соучесник, познат како Лиао (24). Тој наводно, му помогнал на Чанг да наполни кофа со мраз и го врзал за стол со кабли. Во соопштението на обвинителот од 14 март, пишува дека Лијао документирал сѐ и дека целата акција траела помеѓу два часот наутро и напладне на 27 јануари 2023 година.

Откако и двете потколеници на Чанг биле ампутирани поради смрзнатини, Чанг и Лиао побарале пари од пет осигурителни компании во вкупна вредност од околу 1 милион фунти.

Она што ги поттикна сомнежите на тајванското биро за криминални истраги (ЦИБ) беа два факти. Првата е дека Чанг извадил серија осигурителни пакети со високи исплати само неколку дена пред „патувањето со скутер“ и второто е дека Тајван е суптропски регион, за кој знаеле дека нема познати случаи на смрзнатини за кои би била потребна ампутација поради природни климатски фактори во низинските области.

Кога Чанг наводно патувал со скутерот, температурите биле меѓу шест и 17 степени, премногу топли за да предизвикаат смрзнатини.

ЦИБ, исто така, откри дека сликите, кои биле добиени од болницата каде што бил лекуван Чанг, покажуваат „симетрични“ повреди кои се невообичаени за типичните жртви на смрзнатини. Сликите сугерираат дека Чанг не носел чорапи или чевли во моментот на повредите, што им дава на инспекторите идеја дека трагите биле „предизвикани од луѓе“.

За време на рација минатата година, полицијата откри и кофа што можеби ја користел Чанг, заедно со кутија од полистирен што содржи сув мраз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот