ТАЈНАТА НОЌ КОГА МУ ПЕЕШЕ НА КЕНЕДИ Мерлин Монро носеше долг фустан, а под него… (ФОТО+ВИДЕО)
Филмската дива Мерлин Монро му ја отпеа „Среќен роденден, господине претседателе“ на американскиот лидер Џон Ф. Кенеди, а се појави во долг фустан, под кој всушност не носеше долна облека.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Мерлин му пееше на Настанот за собирање на средства на Демократката партија во Њујорк неколку денови пред неговиот 45 роденден во мај 1962 година, што покрена и гласини во кои се наведуваше дека таа има некаква врска со Кенеди и неговиот брат Роберт.
Анегдотата за Мерлин откриена во новата книга потекнува од колумнистката Маурин Довд, која им кажала на писателите на книгата, Еш Картер и Сем Кашнер, што и пренеел нејзиниот пријател за вечерата.

„Ми кажа: Стоев веднаш зад Мелин кога му ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи навистина чудна работа. Нејзиниот фустан се помрдна во моја корист и тогаш забележав дека навистина не носеше долна облека“, изјави Маурин.
Овој фустан беше продаден на аукција во Лос Анџелес за вртоглави 4,8 милиони долари во 2016 година.


