Тафа: Струга Трим Лум докажува дека е незгоден ривал за сите!

фото: фејсбук

Струга Трим Лум дебитира сезонава во нашето најдобро фудбалско првенство и со своите игри покажа дека не случајно се наоѓаат во елитата.

Тоа го докажуваат и победите во есенскиот дел над актуелниот бранител на титулата, Шкендија (2:1) и Вардар (2:1), екипи кои претендираат за највисок пласман во шампионатот.

Струга ТЛ веќе долг период не знае за пораз (од 27 октомври 2019 год.), доколку ги вклучиме и куп мечевите, тоа се вкупно осум натпревари по ред.

Моментно играчите на тренерот Јетон Беќири се на шестото место во 1МФЛ со 24 бодови, но заостануваат само четири зад второпласираната Шкендија во генералниот пласман.

фото: фејсбук

– Па, можам да кажам дека сме задоволни од досегашната сезона со оглед на тоа дека ние како екипа сме дебитанти во најдобрата македонска лига. Победите над Вардар и Шкендија една по друга кажува дека ништо не е случајно и докажува дека Струга Трим Лум може да биде незгоден противник за сите- ни изјави Арбен Тафа, фудбалерот на Струга Трим Лум.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, стружани како домаќините ремизираа без голови против екипата на Ренова.

Според најавите реваншот за пласман во полуфиналните мечеви ќе се одигра на 4. март наредната година.

фото: фејсбук

– Мислам дека 0:0 е добар резултат со оглед на што реваншот се игра на гостински терен и гол на гости важи повеќе – додаде Тафа.

Моментно фудбалерите се на заслужен одмор, а наредниот прволигашки меч ќе го имаат на 16. февруари 2020 година дома против Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот