Табела на медали: САД ја поминаа „стотката“, Кина има највеќе златни одличја

EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Во пресрет на последниот ден од 32. Летни олимписки игри во Токио, Кина останува лидер со освоени 38 златни медали. Кинезите вкупно имаат освоено 87 медали, покрај 38-те златни, тие исвоија уште и 31 сребрен и 18 бронзени медали.

На второто место ќе наоѓа САД кој има два златни медали помалку, но затоа се прва нација со освоени преку 100 медали. САД досега освои 108 медали, 36 златни, 39 сребрени и 33 бронзени медали.
Трета најуспешна нација е Јапонија со освоени 27 златни медали, додека на Русија односно Рускиот Олимписки комитет и Велика Британија имаат по 20 златни медали. Русите имаат освоено шест медали повеќе од Британија.

И Македонија се наоѓа на листата на освојувачи на медали благодарение на Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал во таеквондо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот