Табела на медали: Кинезите ја стигнаа Јапонија, Хрватите додадоа уште едно злато
По завршувањето на натпреварувачкиот ден на Олимписките игри во Токио, Кинезите ја стигнаа Јапонија и заедно се на врвот на најуспешни нации со по освоени 15 златни медали. Кинезите имаат вкупно 31 освоен медал, 15 златни, седум сребрени и девет бронзени, додека Јапонија има 15 златни, четири сребрени и шест бронзени.
Препорачано

На третото место се наоѓа САД кој има освоено 14 златни медали, но по бројот на освоени медали се убедливо први со 38. Американците покрај 14 златни, имаат и 14 сребрени и десет бронзени медали.
На четвртото место се наоѓа Русија со вкупно 28 медали, од кои осум се златни, 11 сребрени и девет бронзени.
Од земјите во регионот, Хрватска благодарение на браќата Синковиќ кој триумфираа во веслање дојде до вториот златен медал, а згора на тоа имаат и бронзен медал.
Србија остана на четири освоени медали, по едно златно и сребро и две бронзи.
Македонија исто така се наоѓа на листата на освојувачи на медали благодарение на Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал во таеквондо.


