Табела на медали: Кина на врвот, Хрватска дојде до третото злато

EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

По седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, Кина се искачи на првото место на листата на освојувачи на златни медали, поминувајќи ја Јапонија.
Кинезите сега имаат 19 најсјајни одличја, а вкупно 40 освоени медали. Јапонија се наоѓа на второто место со 17 златни медали, додека САД е трет со 14, но во исто време има највеќе медали севкупно – 41.

Русија која во Токио се натпреварува под името Руски олимписки комитет досега освои 10 златни медали и има вкупно 34 одличја, а Австралија е на бројката од девет злата.
Од државите во регионот, најдобра е Хрватска која денеска освои уште еден златен медал. во машки двојки во тенис. Хрватите имаат три златни медали, едно сребро и две бронзи, додека Словенија има две злата, сребро и бронза.
Србија остана на еден златен медал, еден сребрен и два бронзени како и Македонија која благодарение на сребрениот медал на Дејан Георгиевски е на листата на освојувачи на медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот