Таа е наследничката на Шарапова: Руска тенисерка која не остава никого рамнодушен (ФОТО)
Анастасија Потапова е тениска која вниманието освен со добрите игри го предизвикува и поради својата убавина.
Главна асоцијација за рускиот женски тенис се Марија Шарапова и Ана Курникова. Тие повеќе вниманието повеќе го привлекуваа и сè уште го привлекуваат со својата убавина.
Сега двете тенисерки добија наследничка во најдобрата јуниорка и шампионка на Вимблдон до 16 години, Анастасија Потапова.
Таа во 2017 година успеа да го помине квалификациите и настапи во првото коло на Вимблдон, а минатата година настапи на сите четири грен слем турнири. Најголемиот успех го оствари на САД Опен каде се пласира во второто коло.
Потапова моментно се наоѓа на 90. место на ВТА ранг листата, но нема сомнение дека годинава ќе има голем напредок, а се очекува и далеку поголем интерес од медиумите но и од фановите поради нејзината убавина која никого не остава рамнодушен.