СЗО: Системот КОВАКС во следните недели очекува 250 милиони дози вакцини

Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Системот КОВАКС очекува да добие 250 милиони дози вакцини против ковид-19 од донаторите за најсиромашните земји во светот во следните шест до осум недели, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Индискиот институт Серум, главен производител на вакцини на фармацевтската компанија „Астра-Зенека“, првично требаше да има водечка улога во испораката на вакцини за КОВАКС, но поради брзото ширење на пандемијата во таа земја, Њу Делхи забрани извоз, со цел да се запре ковид-19 во земјата. Затоа КОВАКС е зависен од донации од најбогатите земји во светот, кои купиле повеќе дози вакцини отколку што им се потребни.

Преку КОВАКС, кој е финансисран од богатите земји, досега дистрибуирани се 152 милиони дози вакцини во 137 посиромашни земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот