СЗО едвај добила основни информации за Ковид-19: Тајни снимки откриваат како Кина го прикрила вирусот?

epa08172052 Tedros Adhanom (L), Director General of the World Health Organization, shakes hands with Chinese President Xi Jinping (R) prior to their meeting at the Great Hall of the People in Beijing, China, 28 January 2020. EPA-EFE/NAOHIKO HATTA / POOL

Кина дури на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална опасност.

Иако од Светската здравствена организација (СЗО) на почетокот го пофалија Пекинг, сепак снимки од интерни состаноци во СЗО покажуваат дека оваа организација едвај ги добила со најпотребните информации за коронавирусот од Кина, на самиот почеток од пандемијата.

На снимките од тој состанок, во кои агенцијата АП имала увид, се прикажани претставници на организацијата како на 6 јануари се жалат дека Пекинг не ги споделува со светот потребните податоци за да се процени ризикот кој го претставува вирусот за останатиот дел од планетата.

Кина дури на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална опасност.

– Работиме со многу малку информации. Тоа никако не е доволно за да подготвиме план –  порача Марија Ван Керхова, епидемиолог и технички директор на СЗО за време на пандемијата на Ковид-19.

Шефот на СЗО во Кина, Гуаден Галеа, на една од снимките вели дека од Кина добиваат информации 15 минути пред да бидат објавени на ЧТВ.

Како што се наведува, овој извештај пристигнува во моменти на растечко незадоволство на меѓународната заедница, поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, кој досега зарази над шест милиони луѓе и уби повеќе од 375.000 луѓе во целиот свет.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Билд објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот!

Коронавирусот е адаптиран да инфицира луѓе: Дали тоа е случајност или е виновен 
човечки фактор?

Разузнавачките агенции го вперија прстот во Кина: ЦИА тврди дека со закани бил 
вршен притисок врз СЗО!

Лабораториска грешка или контроверзна прехрамбена навика? Што се крие зад теоријата 
на Трамп околу вмешаноста на Кина и коронавирусот?

Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти 
за коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот