Своето дете го нарекувала тумор и одбивала да го дои: Што се случило со синот на Брижит Бардо?

Но 1997 година, после објавените мемоари на Брижит, избива нов семеен скандал: поранешниот сопруг и синот ја тужат Брижит поради откривање на смејни тајни и повреда на чувствата. Судот и одредил на глумицата да плати казна во вредност од 250 000 франци.

Штом 25-годишната глумица Брижит Бардо, дознала дека е бремена, веднаш се обидела да најде доктор кој ќе го изврши абортусот. Но, во Франција таквите операции биле забранети, па никој не се осудил да превземе таква одговорност. Глумецот Жак Шарије бил татко на детето, па ја наговорил актерката да се откаже од абортусот и да се омажи за него.

Последните месеци од бременоста, биле права ноќна мора за глумицата. Фотографите ја обколиле куќата во која таа живеела, а се со цел да направат ексклузивна фотографија од бремената актерка. Брижит потполно престанала да излегува, дури и одлучила да се породи во станот во кој живеела,  бидејќи се плашела да оди во болница. Син и се родил 11.01.1960 година. Момчето го добило преубавото француско име-Николас.

Profimedia

„Беше како тумор кој ме јадеше, додека го носев во своето отечено тело”, напишала подоцна актерката во своите мемоари. Брижит одбивала да го храни своето бебе, бидејќи „полудела“ поради „нехуманата улога на медицинска сестра”, која ја добила со раѓањето на детето.

Нејзината куќа била опколена со новинари. Сите сакале фотографии од младата мајка и новороденчето. Првото фотографирање се случило со првиот ден на раѓањето на новороденчето. Долгогодишниот семеен пријател направил фотографија која ја објавиле сите таблоиди.

Нејзиниот сопруг Жак Шарије се надевал дека Брижит ќе има мајчински инстинкт, но актерката, љубовта спрема детето ја покажала само за време на фотографирањето. Брижит се плашела дека ќе го изгуби шармот кон машката популација, така што сите ќе ја доживуваат како “мајка”. Детето ги чувствувало нејзините чувства, па секогаш кога ќе го земела почнувало да плаче.

Набрзо Брижит заминала со актерот Сем Феј. Откако дознал нејзиниот сопруг дека е оставен побарал развод и родителско право над нивниот син. На судењето Брижит одбила да се грижи за синот: таа сметала дека некој треба и за нејзе да се грижи, па поради тоа не можела да се грижи за бебето.

Понекогаш глумицата се обидувала да ги ублажи односите со синот, но безуспешно.

Кога Николас имал 12 години, дошол кај мајка си со желба да остане кај нејзе некое време, но Бардо го вратила кај татка си со образложување дека не може да се грижи таа вечер за него затоа што имала забава со пријателите. После тој инцидент, Николас не сакал неколку години да се види со неговата мајка.

Profimedia

Кога момчето сосема пораснало, Брижит се обидела да го поправи односот со него, но синот не сакал да слушне за неа.

“Сега имам 47 години и го имам својот 22-годишен син Николас, свое семејство и поддршка. Го сакам најмногу на светот,” напишала Брижит во своите мемоари, но изгледа дека било доцна за каење и извинување.

Николас студирал економија на факултетот во Париз. Ја обожувал музиката. Научил да свири клавир и компонира песни, прави аранжмани. Кога имал 22 години се занимавал со манекенство. На една ревија ја запознал манекенката Ен Лин Бјеркан, ќерка на дипломат. Парот се венчал 1984 година, а Брижит Бардо не била поканета на венчавката, што многу ја вознемирило.

Набргу среќниот пар се преселил во Осло, за по неколку месеци да ја добијат првата ќерка. Брижит и понатаму била непожелна во семејството на Николас, па затоа не ја ни запознала својата внука. 1990 година Николас ја добива и другата ќерка. Две години после тоа, Брижит доаѓа во Норвешка со намера да воспостави близок однос со синот, но склопуваат само ладно примирје.

Но 1997 година, после објавените мемоари на Брижит, избива нов семеен скандал: поранешниот сопруг и синот ја тужат Брижит поради откривање на смејни тајни и повреда на чувствата. Судот и одредил на глумицата да плати казна во вредност од 250 000 франци.

Николас одамна го напуштил манекенството и веќе долги години се занимава со програмирање. Веќе одамна и самиот е дедо. На прашање на новинарите зошто не е во добри односи со својата мајка , тој одговара: „Таа ги сака своите крзнени капути, а јас своето семејство”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот