Меланија Трамп реагираше на пукањето што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Светските лидери го осудија пукањето во Вашингтон: „Насилството нема место во демократијата“

Светските лидери изразија вознемиреност откако вооружен човек упадна на гламурозна медиумска гала во Вашингтон, на која присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тие изразија олеснување што нападот не бил фатален.

Американските агенции за спроведување на законот соопштија дека единствениот осомничен бил вооружен со „пушка, пиштол и неколку ножеви“. Тој е приведен и ќе се појави пред федералниот суд в понеделник.

ВИДЕО | Се појавија снимки од апсењето на напаѓачот на вечерата на Трамп – Слободен печат

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека е „шокиран од сцените на вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон“.

„Секој напад врз демократските институции или врз слободата на печатот мора да биде осуден на најсилен можен начин“, напиша Стармер на „Икс“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека тој и неговата сопруга Сара се „шокирани од обидот за атентат“ врз Трамп.

„Ни олесна што претседателот и првата дама се безбедни и здрави. На повредениот полицаец му посакуваме целосно и брзо закрепнување и ја поздравуваме Тајната служба на САД за нејзиниот брз и решителен одговор“, напиша Нетанјаху на „Икс“.

Германскиот канцелар  Фридрих Мерц соопшти дека е длабоко потресен од настанот.

„Насилството нема место во демократијата. Одлуките ги носиме со мнозинство, а не со оружје“, напиша лидерот на ЦДУ на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека го осудува обидот за атентат во Вашингтон и изрази олеснување што претседателот Трамп, првата дама Меланија Трамп и сите присутни се на безбедно.

Францускиот претседател  Емануел Макрон  исто така порача дека „насилството нема место во демократијата“ и истакна дека му дава целосна поддршка на Доналд Трамп, оценувајќи го нападот како неприфатлив.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство до Трамп и до сите присутни на настанот.

„Ниту една форма на политичка омраза не смее да најде простор во нашите демократии. Нема да дозволиме фанатизмот да ги труе местата на слободна дебата и информирање“, напиша таа.

Индискиот премиер Нарендра Моди исто така го осуди насилството во Вашингтон.

„Им испраќам најдобри желби за нивна безбедност и благосостојба. Насилството нема место во демократијата и мора безусловно да се осуди“, напиша Моди на „Икс“.

Со порака се огласи и канадскиот премиер Марк Карни, кој исто така рече дека му е мило што претсдателот Трамп, но и сите гости се безбедни.

„Политичкото насилство нема место во ниедна демократија. Моите мисли се со сите што беа потресени од овој вознемирувачки настан“, напиша Карни на „Икс“.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум порача дека „добро е што претседателот Трамп и неговата сопруга се безбедни по неодамнешните настани. Им изразуваме почит“.

„Насилството никогаш не треба да биде начин“, додаде Шајнбаум.

Шпанскиот премиер Педро Санчез го осуди „нападот врз претседателот Трамп“.

„Насилството никогаш не е одговор. Човештвото ќе напредува само преку демократија, коегзистенција и мир“, напиша Санчез на „икс“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека е „длабоко шокиран од вознемирувачкиот инцидент со пукањето“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот