Светот ѝ должи извинување на Јоко Оно: Разоткриени нови детали во документарецот за Битлси „Get Back“

јоко оно битлси
Фото: Принтскрин / YouTube

За време на викендот на Денот на благодарноста, „Disney+“ фо објави новиот документарен филм од три дела со последните сесии на снимање на Битлси, едноставно насловен како „The Beatles: Get Back“. Документарецот откри нови детали кои ги шокираа фановите – меѓу кои и како всушност дошло до распаѓањето на легендарниот бенд!

Осумчасовниот документарец на Питер Џексон за феноменалната четворка открива дека Ринго е неверојатен тапанар, Макартни е полн радост, а нивната дружина е најкул.

И, исто така, фрла сосема ново светло на проблематичнoто верување што постои уште од 1970 година:  дека Јоко Оно ги растури Битлси.

џон ленон јоко оно
Фото: Принтскрин / YouTube

Во текот на 8-часовниот филм има неколку моменти што ја деконструираат оваа мизогинска теорија, а наместо тоа се докажува како непопуларна: Битлси всушност биле одговорни за распаѓањето на Битлси.

битлси
Фото: Принтскрин / YouTube

Значи, Јоко не ги растури Битлси.

И сега обвинувањата за нејзиното постојано присуство, кои секогаш и беа апсурдни, како и мрзливите обвинувања засновани на мизогинија и расизам, „паѓаат во вода“ откако во документарецот ги гледаме и партнерите на Пол, Ринго и Џорџ, а и разни гости како шетаат во и надвор од студиото, што навистина ги зачувува тие двојни стандарди.

џон ленон јоко оно
Фото: Принтскрин / YouTube

Па сега може да се стави крај на гласините дека токму Јоко била таа што е главниот виновник за распаѓањето. Да, имало тензии – комплицирани, длабоко вкоренети и долготрајни – но, како што вели Мекартни во вториот дел, присуството на Јоко можело да биде само пречка ако остатокот од бендот дозволи тоа да биде.

„Навистина не е толку лошо. Тие само сакаат да останат заедно. Таа е одлична, навистина е во ред“, вели Пол Мекартни за неа и Ленон.

џон ленон јоко оно
Фото: Принтскрин / YouTube

Во меѓувреме, Макартни неодамна изјави дека Ленон е тој што го довел бендот до крај.

„Јас не го поттикнав разделувањето. Тоа беше нашиот Џони. Јас не сум човекот кој го поттикна расколот. О не, не, не. Џон влезе во соба еден ден и рече: „Ги напуштам Битлси.“ Дали тоа го поттикнува разделувањето или не?“

јоко оно битлси
Фото: Принтскрин / YouTube

На ист начин се чувствува и режисерот Питер Џексон, како што неодамна изјави за „60 Minutes“, раскажувајќи за неговото доживување на нејзиното присуство и влијание.

„Немам проблеми со Јоко во смисла… Можам да разберам од гледна точка на Џорџ и Пол и Ринго, тоа е малку чудно. Но, она со Јоко што мораат да го кажат е дека таа не се наметнуваше. Таа пишува писма, чита писма, се занимава со шиење, таа се занимава со сликање, понекогаш некои уметнички дела. Таа никогаш нема мислење за работите што ги прават. Таа никогаш не вели: „Ох, мислам дека претходната слика беше подобра од онаа.“ Таа е многу бенигно присуство и не се меша ни малку“, објасни Џексон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот