Сведочења на луѓето кои 12 часа останаа завеани во своите автомобили во западна Србија

Фото: Курир.рс

Гаврило Варниќ, работник во поштата во Дуга Пољана утринава околу три часот е спасен од наноси на патот Дуга Пољана-Штаваљ. Гаврило вчера, околку три часот попладне со автомобил од Дуга Пољана тргнал кон дома, но останал заевеан на патот по неколку километри. Дванаесет часа подоцна, по надчовечки напори, спасителите синоќа успеале да се пробијат до тој дел на патот и го спасиле него и луѓе од уште неколку возила, пишува српски „Курир“.

– Вистинска среќа е што вчераутро ставив 5.000 динари (околу 2.600 денари). Тоа ме спаси. Тргнав кон дома во речиси три попладне, и набрзо останав заевеан. Пред мене имаше уште автомобили, но, буквално не можев да излезам од возилото поради силниот ветер. Цела ноќ ја поминав во автомобилот, се до три часот наутро кога стигнаа спасителите и ме префрлија во продавницата во Штаваљ каде малку се згреав. Вратата на возачката страна не можев да ја отворам, па излегов од другата страна – раскажа утринава Гаврило.

По неговите зборови, спасителите за време на ноќта, на магистралата пред него, од возило „голф“ спасиле завеано семејство, дедо, баба и две деца.

– Најверојатно тргнале кон Нови Пазар, но ги стигна олујата, автомобилот комплетно им беше затрупан во знег, не можеше да се забележи. Чиста среќа е што еден од спасувачите, додека го чистеше патот со машина, забележа дека покрај патот има затрупан автомобил, а во него четири лица и две деца…Ги извлекоа преку прозорот – ја опишува ситуацијата Гаврило.

Доказ за силината на синоќешната олујата се сведочењата на жителите од селото Долиќе, кои за „Курир“ рекоа дека денес времето е значително подобро.

– Имам 62 години, но ваква олуја, како што имаше синоќа, не помнам. Ударите на ветерот беа толку силни, што еден момент помислив дека ветрот ќе ми ја однесе целата куќа. Цела ноќ не можевме да излеземе пред вратата, беше страшно. Утринава околку куќата имаше наноси од три метри – рече Радоје Куч за српскиот медиум.

Фото: Курир.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот