Сузана Спасовска на комеморацијата за Завков: Кога го видов последен пат му реков дека е свеж и лицето му блеска

Фото: Слободен печат

Претставници на анамблот „Танец“, чиј превенц и раководител на оркестарот беше Милан Завков, се простија од својот пријател на комеморацијата која се одржа во Националната опера и балет.

Маестро на хармоника Завков, кој ненадејно почина вчера на 61 година, беше омилен меѓу колегите, а присуството на многу колеги и пријатели на последното испраќање е само еден доказ за неговата големина.

Фото: Слободен печат

– На тој 6 февруари дојдовме сите на работа, за првпат по паузата. Не можев ни да замислам дека кога ќе си заминеме од работа, ќе го нема нашиот Милан со големо срце, со преубава насмевка и со ведар дух. Не можам да верувам дека клупата каде што секое утро на паузата заедно го пиевме првото кафе и голтка по голтка разговаравме за животот, ќе остане празна“, рече Сузана Спасовска, нашата позната пејачка на народни песни, вокален солист во ансамблот „Танец“.

Фото: Слободен печат

– Тоа утро кога го видов, се израдував и му реков: ‘Мики, колку си одморен и свеж, ти блеска лицето. Ми рече: За ова, кафе морам да да честам’. Си зборувавме дека имаме уште некоја година до пензија. Требаше мирно да ги поминуваме пензионерските денови. Се договоравме дека и тогаш ќе одиме едни кај други и ќе пиеме по некоја ракија и салата“, рече низ солзи Сузана Спасовака која беше голема пријателка со Завков. Се присети и на времето кога патувале на турнеи и секогаш седеле еден до друг. „Јас вака малечка, тој голем, секогаш му оставав простор да може удобно да седне“, рече Сузана и во чест на Завков, запеа песна која тој ја напишал за неа, „Засвири една наша Милане“.

Изведбата на Сузана најмногу го расплака семејството на Завков, сопругата и двете ќерки кои плачејќи примаа сочувство од пријателите: Виолета Томовска, Блага Петреска, Борче Нечовски, Благој и Јуле Маротови, Велко Тодевски и многу други.

На присутните им се обрати и Мартин Вучиќ, директорот на „Танец“.

– Да бевме писатели ќе ја преточевме музиката во зборови. На нам својствен начин, ќе му оддадеме почит со музика. Од кога постојам и самиот живеам со музика, и учев од великаните. Улогата на Завков во „Танец“, беше повеќе од престиж, таму се искачуваат најдобрите – рече Вучиќ.

Фото: Слободен печат

Бранка Костиќ, етномузиколог и уметнички раководител на НУ Танец, ја водеше комеморацијата и ја прочита целата богата биографија на Завков, како и телеграмата од претседателот Стево Пендаровски.

Комеморацијата во чест на Завков не започна со минута молчење, туку со минута музика. Од своот пријател се прости и музичарот Сашо Ливрински, во име на Здружението на естрадните уметници како и Антоанета Токовска- Котевска, претседател на ЗАМП.

Фото: Слободен печат

Почина Милан Завков, македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец

„Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“: Тоше Завков во неверување по загубата на својот брат Милан

ФОТО | „Само твојот звук на хармониката ме правеше возвишена“: Естрадата се простува од Милан Завков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот