Почина Милан Завков, македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец

Фото: Принтскрин - Инстаграм

На 61-годишна возраст почина македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец Милан Завков, соопштија од фолклорниот ансамбл „Танец“.

Тој почнал да свири на хармоника кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот