ФОТО | „Само твојот звук на хармониката ме правеше возвишена“: Естрадата се простува од Милан Завков

Фото: Принтскрин Фејсбук

Виртуозот на хармоника и големиот промотор на македонската изворна музика, маестро Милан Завков почина ненадејно во 61-та година од животот. Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а семејството прекрасен сопруг, брат и татко.

Фото: Принтскрин Фејсбук

Денеска, 8 февруари 2023, (среда), ќе се одржи Комеморативен собир во чест на врвниот инструменталист и музички автор. Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел. Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

Голем број познати личности од македонската фолк естрада преку социјалните мрежи се простија од врвниот хармоникаш и композитор.

„Гледам и не си верувам со очиве дали е можно да ни почина Најголемиот наш Милан Завков. Нека ти е светол патот пријателе, ќе бидеш во нашите сеќавања запаметен како скромен и правичен човек, а како музичар стамен, стабилен и виртуоз од светски ранг. Прерано не напушти за жал. Сочувство до цела фамилија Завковки за нивната голема загуба. Македонија е сега уште посиромашна“ – стои во објавата на Наум Петрески.

Фото: Принтскрин Фејсбук

„Милане Милане… Само твојот звук на хармониката ме правеше возвишена. Твојата виртуозност преку звуците,допирасе до секоја душа нема веќе „Македонски мерак“ Продолжи на небото со ангелите, да го славите Бога“ – напиша Блага Петреска споделувајќи галерија фотографии со Завков.

„Мојата десна рака. Почивај во мир“ – се прости Ферус Мустафов од својот колега.

„Единствениот од Македонија што ке го препознаеш после првиот отсвирен тон,првото мое научено оро беше токму негово, Македонија загуби уште еден великан! Патувај со ангелите маестро Милан Завков нека ти е светол патот“ – напија пејачот Драган Темелков.

„Животот е многу убав, ама многу кратко трае. Со неверување ја прочитав веста за прекрасниот човек со кој имавме прекрасна соработка… Прекрасни песни, аранжмани и убаво дружење… Едноставно прашање: Зошто? Почивај во мир прекрасен човеку“ – со видео од заеднички настап пејачката Ленче Кукиќ се прости од нејзиниот колега.

„Човекот кој на моја 12 годишна возраст ме повика да гостувам во емисијата “Зајди Зајди” мој прв ТВ настап,потоа во емисијата посветена на тебе маестро… Секогаш беше подршка за младите хармоникаши!Секогаш после секое мое дело добивав повик од тебе,секогаш со најубавите зборови. Последниот пат си посвиривме и ми се наполни душата само не мислев дека ќе биди последен. Остави многу дела,ние ќе ги слушаме и ќе ги свириме. Ти секогаш ќе живееш преку твоите дела голем човеку. Почивај во мир“ – од својот колега се прости и хармоникашот Димитар Митровски.

„Ах маестро. Ме скрши…“ –  хармоникашот Војче Петрушев се прости од својот колега.

„Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“: Тоше Завков во неверување по загубата на својот брат Милан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот