„Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“: Тоше Завков во неверување по загубата на својот брат Милан

Фото: Принтскрин Фејсбук / Женски Магазин

Виртуозот на хармоника и големиот промотор на македонската изворна музика, маестро Милан Завков почина ненадејно вчеравечер, во 61-та година од животот. Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а семејството прекрасен сопруг, брат и татко.

Фото: Принтскрин Фејсбук

Семејството е во неверување и голема тага. За „Женски Магазин“, братот на Милан, музичарот Тоше Завков, со неверување открива дека два часа пред тој да почине, разговарале по телефон.

„Не можам да поверувам што се случи. Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидеовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме“ – вели Тоше и додава дека по два часа му се јавила сопругата на Милан.

Фото: Принтскрин Фејсбук

„Ми рече дека на Тоше не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Се се случило одеднаш. Милн бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на неговите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот“- низ солзи раскажал Тоше за „Женски Магазин“.

Фото: Принтскрин Фејсбук

Милан Завков почнал да свири на хармоника кога имал 8 години. Првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника. Така, тој дипломирал на музичката академија во Скопје, а главен инструмент му бил контрабас. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Фото: Принтскрин Фејсбук

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и дел од ансамблот „Танец“ како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.

 

Утре ќе се одржи комеморација во чест на маестро Милан Завков

Почина Милан Завков, македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот