Утре ќе се одржи комеморација во чест на маестро Милан Завков

Фото: Принтскрин Фејсбук

Утре, 8 февруари 2023, (среда), ќе се одржи Комеморативен собир во чест на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков.

Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел. Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

Маестро Милан Завков почина ненадејно вчеравечер, во 61-та година од животот. Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а сопругата и ќерките, прекрасен сопруг и татко, се вели во известувањето од НУ Танец.

Почина Милан Завков, македонскиот виртуозен хармоникаш и музички творец

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот