Суспензија во уште една земја членка на ЕУ: И Холандија времено ја запира употребата на „АстраЗенека“

АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Холандија ќе запре со користење на вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 до, најрано, 29 март како мерка на претпазливост, соопшти синоќа холандската Влада.

Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходно во текот на денот, е одговор на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, се вели во соопштението.

Тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со производот се хоспитализирани поради крварење, згрутчување на крвта и тромбоцитопенија, соопштија здравствените власти.

„АстраЗенека“ вчера соопшти дека спровела проучување на здравствените податоци на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзиниот производ во Европската Унија и Велика Британија и не открила никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот