Супермаркет во Јувентус, 11 фудбалери на продажба

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Старата дама“ се подготвува за големо летно проветрување на тимот.

Управата на Јувентус ги послуша зборовите на тренерот Маурицио Сари дека екипата има премногу фудбалери и треба да се намали играчкито кадар.

Сари и управата се согласни дека први за продажба се фудбалерите кои сезонава ја играат на позајмица, но се очекува екипата да ја напуштат и неколку првотимци, а со нивната продажба да се финансираат новите засилувања.

Поранешниот италијански репрезентативец, голманот Матија Перин ќе биде ставен на трансфер листата откако му пропадна трансферот во Бенфика, но Јувентус нема намера да го чува во своите редови покрај Шчешни и Буфон.

Матија де Шиљо иако е стандарден член на првиот тим ја нема довербата кај Маурицио Сари и се очекува без проблеми да биде продаден бидејќи за него интерес има од екипи како Барселона и ПСЖ, пред се бидејќи може да игра на двете бековски позиции.

Ромеро беше купен минатата сезона од Џенова, но не го облече црно-белиот дрес бидејќи остана на едногодишна позајмица во тимот на Горан Пандев. Сега поради големата конкурнција во средниот ред, тој тешко дека ќе добие поголема минутажа во наредната сезона и поради тоа гледа кон Шпанија од каде има неколку интересни понуди.

Даниеле Ругани и самиот е сведен дека покрај Бонучи, Кјелини, Де Лихт и Демирал, нема шанси да добие шанса да игра на стоперската позиција и веќе добил дозвола од управата да си бара нов клуб. Ругани гледа кон Премиер лигата, но интерес пројавуваат и Рома и Фиорентина.

Лука Пелегрини има одлична сезона во Кањари каде игра на позајмица, но може да биде жртвуван во желбата на Маурицио Сари да го ангажира Емерсон Палмиери кого го тренираше во Челси.

Роландо Мандрагора е првото засилување за Јувентус ова лето, за 26 милиони евра е откупен од Удинезе, но нема да го облече дресот на тимот од Торино бидејќи ќе биде продаден или дел од трансфер, или за Пелегрини, Заниоло или Киеза.

Најзвучни имиња на листата за отстрел во Јувентус се тие на Миралем Пјаниќ и на Адриен Рабио за кои од поодамна се знаеше дека на лето ќе ја напуштат екипата. Желбата на Пјаниќ е да се пресели во Барселона, додека Рабио гледа кон Премиер лигата каде што може да добие поголема плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот