Супербоул 55: Тампа Беј е нов шамион, Брејди е најдобриот во историјата на НФЛ
Играчите на Тампа Беј баканирс се нови НФЛ шампиони откако во популарниот Супербоул 55, со 31:9 го совладаа минатогодинешниот шампион Канзас сити чифс, а неверојатниот Том Брејди го освои седмиот Винс Ломбарди трофеј во кариерата.
THE @BUCCANEERS ARE SUPER BOWL LV CHAMPIONS! #SBLV #GoBucs pic.twitter.com/LmvNzPzlCO
— NFL (@NFL) February 8, 2021
Легендарниот квотербек на Њу Ингланд патриотс го предводеше својот нов тим со победата со три тачдаун додавања во првото полувреме и со триумфот го потврди статусот на најдобар играч во историјата на НФЛ лигата.
BRADY TO GRONK ?
First TD of the Super Bowl
(via @NFL)pic.twitter.com/1TcMFq5Chb
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2021
Брејди на 43 години ја освои седмата титула, а во финалето целосно го надигра помладиот колега Патрик Махомс кој претендира да биде новиот „Брејди“.
Неверојатниот квотербек имаше три тачдаун додавања за 201 јард, а комплетира 21 од 29 доодавања и притоа не направи ниту една грешка, па седмиот шампионски прстен го зачини и со титула МВП на финалето.
Покрај тоа, Брејди го спречи Канзас сити да го повтори успехот на неговиот Њу Ингланс од 2004 година кога ја одбранија титулата.