Супербол спектакл: Шампионот Канзас сити против Том Брејди и Тампа во финалето
Актуелниот шампион Канзас сити чифс ќе игра во 55. издание на Супербол откако во финалето на Американската конференција го совладаа Бафало билс со 38:24.
Патрик Махомс имаше 29 точни додавања за 325 јарди и три тачдауни, а се истакна и Тревис Келси со два тачдауни.
AFC CHAMPIONS ONCE AGAIN. #RunItBack #NFLPlayoffs pic.twitter.com/KUtuMPDmdb
— NFL (@NFL) January 25, 2021
Противник на Канзас сити во битката за трофејот во НФЛ лигата ќе биде Тампа Беј баканирс која во финалето на Националната конференција го победи Грин Беј пекерс со 31:26.
Ова за Том Брејди ќе биде 10. настап во Суперболот, прв со Тампа Беј откако претходно девет пати настапи со Њу Ингланд и шест пати ја освои титулата.
Канзас сити ќе има шанса да ја одбрани титулата која ја освои минатата година кога го совлада Сан Франциско и доколку успеаат да триумфираат, ќе станат првиот тим кој ја одбранил титулата по Њу Ингланд патриотс на кого тоа му појде од рака во 2004 и 2005 година.
55. издание на Супербол ќе се игра на 7. февруари во Тампа.