Супербол 2022: Еминем клекна на колено, спектакуларно шоу на Др Дре – Сите најдобри моменти од шоуто

Еминем, Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/Колаж Снуп Дог
Еминем, Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/Колаж

Еминем клекна на сцената за време на неговиот настап на полувремето на Супербол во 2022 година. Овој чин претставува една форма на протест против полициската бруталност и расната нееднаквост.

ВИДЕО | Супербол: Лос Анџелес Ремс е новиот НФЛ шампион

Американските медиуми пренесуваат дека Еминем поради тој потег влегол во конфликт со спортската асоцијација НФЛ, кој многумина ги потсетил на потегот на Колин Кеперник од пред неколку години.

еминем
Еминем / Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Но, официјалните лица на НФЛ негираа дека имале какви било судири со Еминем пред или по неговиот настап.

Во изјава за „New York Post“ тие рекоа дека спортистите на Супербол клекнуваат од 2016 година без никакви санкции и дека различни стандарди не важат ниту за музичарите.

Имајќи предвид дека по цели 29 години, Лос Анџелес повторно беше домаќин на Супербол, шоуто на полувремето за многумина беше како љубовно писмо до градот.

Почнувајќи од сетот, до кореографијата, настапите, шоуто беше излив на гордост на Западниот брег – Др Дре и Снуп Дог излегоа на сцената за да ја изведат „California Love“. Свои незаборавни настапи имаа и 50 Сент, Кендрик Ламар и Андерсон Паак.

Др Дре, како што пишуваат американските медиуми, „се чувствувал одвратно цензуриран“ бидејќи НФЛ „имале проблеми со некои негови стихови“.

Еминем/колаж
Фото: EPA-EFE

Неколку часа откако шоуто беше објавено, видеото собра преку 6 милиони прегледи на „Јутјуб“ и светот буквално „падна на колена“ пред нивниот настап.

Еминем, 50 Сентс, Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/Профимедиа
Еминем, 50 Сентс, Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/Профимедиа
Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/ЕПА
Мери Џеј Блајџ, Снуп Дог/ЕПА
Мери Џеј Блајџ/ЕПА
Мери Џеј Блајџ/ЕПА

Голем број познати личности уживаа во шоуто:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Твитер заедницата беше особено емотивна кога станува збор за шоуто

„Цело детство ми помина пред очи. Прекрасно беше да се видат сите на едно место, заплакав од среќа“. „Каква носталгија за нас, децата од 90тите. Сите беа сјајни, иако премалку го имаше Еминем“ , „Какви се овие легенди, јас сум без коментар“ – беа дел од сентименталните коментари

Супербол 2022: Еминем на колена, спектакуларно шоу на Др Дре – Сите најдобри моменти од шоуто

Видео на денот