„Супер Марио“ е пред уште една неуспешна приказна

– Балотели е чуден човек, верувавме дека тој може да ни даде важен придонес, но ние сме разочарани – вели првиот човек на Бреша, Челино.

Марио Балотели и дефинитивно летово може да си бара нов клуб во неговата професионална фудбалска кариера.

„Супер Марио“ има голем број на трофеи со Интер и уште неколку со Манчестер сити, но веќе девет години нема вкусено титула на клупски план. После разделбата со „граѓаните“, играше уште за Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј и сега за Бреша која наскоро ќе ја напушти.

Претседателот на Бреша за италијанскиот медиуми „ТелеЛомбардија“, Масимо Челино изјави дека играчот не е повеќе со мислите на клубот и се разочарани од него.

Тој е чуден човек, тој веќе го нема својот ум со нас и разделбата е неизбежна. Неговиот договор автоматски се поништува во случај на испаѓање во Серија Б, така што веројатно ќе биде слободен агент следната сезона, со оглед на нашиот статус. Верувавме дека тој може да ни даде важен придонес на теренот. Мислев, затоа што ми се допаѓа, дека може да направи нешто ново за себе во Бреша. Ние сме разочарани – рече Челино.

И натаму не е познато кога официјално би продолжила сезоната во Серија А, моментно Бреша е на последното место со 16 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот