Фото: RK Butel Skopje

Супер лига: Важна победа на Бутел против Тинекс Пролет, 14 гола запиша Николов

Ракометарите на Бутел успеаја да забележат победа денеска на гостувањето кај Тинекс Пролет со резултат 26:23 во македонската машка Супер лига. На овој дуел Бутел доминираше, имаше контрола над резултатот и на крајот заслужено се радува на победата.

Тинекс Пролет одигра квалитетно само во првите 10 минути во кои домашниот состав имаше предност од 4:2, потоа и од 5:3. Бутел со три гола поведе со 6:5, а дуелот беше израмнет до 7:7, по што гостите со нови три гола во низа поведоа со 10:7. На пауза се замина со резултат 11:8 за играчите на Бутел.

На самиот старт од второто полувреме домашниот ракометар Димковски погоди за 11:9, но следеше уште една серија од три погодоци на Бутел со која гостите за првпат на мечот поведоа со „плус пет“ (14:9). Гостите продолжија да доминираат и поведоа со 21:12, пред нивната серија накратко да ја прекине Дрпљанин.

Завршните минути беа во знакот на домашниот состав кој одигра подобро во нападот, но негативата беше преголема, па Бутел на крајот стигна до триумф изразен со конечните 26:23.

За гостинскиот тим блескаше Филип Николов со 14 голови, голманот Трајкоски запиша 12 одбрани, а на спротивната страна Димковски беше најефикасен кај Тинекс Пролет со пет погодоци.

На табелата Бутел е на петтото место со 18 бодови, додека Тинекс Пролет е на деветтата позиција со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот