Сулејмани планирал напади и на Балканот?

Фото: МИА

Лидерот на Иранската револуционерна гарда беше прогласен за терорист од страна на американските власти, кој планирал напади против американски државјани.

Иранскиот генерал Касем Сулејмани кој беше убиен од страна на САД наводно планирал напади во Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кенија, Бахреин и Турција.

Лидерот на Иранската револуционерна гарда беше прогласен за терорист од страна на американските власти, кој планирал напади против американски државјани.

Во Резолуцијата 466 која е поднесена во американскиот Сенат се вели дека планирал напади во Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кенија, Бахреин и Турција.

Во заклучокот на овој документ се наведува дека ќе се продолжи борбата против Иранската револуционерна гарда, единицата Кудс и сите организации поврзани со неа кои претставуваат закана за националната безбедност на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот