Сугарески: Реализацијата на капитални инвестиции, особено делот инфраструктура е одлична

Очекувам годинава да ја завршиме со реализација од околу 86 проценти како што беше и лани, порача денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски во вториот квартал ќе биде околу 25 отсто. Сите проекти што ги реализира Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат се во тек и нема застој и покрај здравствената криза. Очекувам годинава да ја завршиме со реализација од околу 86 проценти како што беше и лани, порача денеска ресорниот министер Горан Сугарески.

-Во петокот три милиони евра се префрлени на ПУИГ за социјалните станови и со тоа 100 проценти ја реализираме програмата која до вчера практично беше нула. Редовно вршам увид во градежните  активности скоро на сите проекти низ државата и можам да кажам дека тие се реализираат и покрја здравствената криза. Веќе е реализиран огромен дел на водоводи и канализации, скоро во целост се реализираат патиштата, добро тече изградбата на социјалните станови, а гасификацијата има одлична динамика. Се трудиме колку што можеме и во делот на железниците и покрај проблемите што излегуваат, вели Сугарески.

Нагласи дека во Министерството за транспорт и врски првиот квартал е секогаш најслаб.

-Не можам да се согласам дека е слаба реализацијата на капиталните инвестиции, посебно не во делот на инфраструктурата каде има одлични резултати. Можеби имало 18 проценти во мај, но сега има 25 проценти, посочи Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот