Сугарески: Капиталните инвестиции во ресорот транспорт годинава над ланската реалзиација од 86 проценти

И покрај кризата сите проекти ќе бидат целосно реализирани, истакнува министерот за транспорт и врски..

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески соопшти дека очекува во наредните месеци целосно да биде рехабилитирана делницата Ќафасан – Струга, за која вели дека е една од клучните делници во државата.

Тој вели дека се работи и на автопатот Кичево-Охрид и најави дека дел од оваа делница наесен ќе биде пуштена во употреба.

Со ова тој очекува годинава капиталните инвестиции во секторот транспорт и врски да ја надминат ланската реализација од 86 отсто.

– Апсолутно целата динамика во делот на реализација на капиталните инвестиции продолжува. Ресорот транспорт согласно она што го има како реализација од ден на ден се повеќе ги зголемува капиталните инвестиции и ако видиме дека ланската година имаше 86 проценти реализација, ресорното Министерство и Јавното претпрјатие за државни патишта, очекувам оваа година да биде над тоа. Сите проекти и покрај здравствената криза која се уште ја имаме одат целосно и ќе бидат реализирани. Очекувам проектите што во голем дел ги започнавме до крајот на годината да бидат реализирани, а исто така и оние проекти коишто очекуваме во наредниот период да почнат до крај на годината или во почетокот на наредната година да бидат завршени, рече Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот