Судот во Тексас ќе расправа за пилулата за абортус

Малта абортус протест/ Фото: Ricardo Rubio / Zuma Press / Profimedia

Судот во Тексас утре ќе биде ново бојно поле во националната битка за правата на абортусот. Судијата ќе ги ислуша аргументите за легалноста на широко користените таблети за абортус. Откако Врховниот суд на САД ги укина федералните права за абортус минатиот јуни, ултра-конзервативните сили го свртеа погледот кон лекот мифепристон, главната состојка во пилулата за абортус одобрена за употреба на национално ниво.

Судијата на Окружниот суд на САД, Метју Качмарик, објави дека судот во Амарило, Тексас, во среда ќе ги сослуша аргументите во тужбата против Управата за храна и лекови (ФДА), за која конзервативците велат дека не требало да одобри „опасни“ таблети во 2000 година.

Според податоците на ФДА, околу 5,6 милиони жени користеле мифепристон од неговото одобрување за да ја прекинат бременоста. Тој е одобрен за употреба во Соединетите Американски Држави до 10-та недела од бременоста. Институтот за права на абортус Гутмахер проценува дека повеќе од половина од сите абортуси вклучуваат консумирање на лекот.

Но, Алијансата за одбрана на слободата, христијанска група против абортуси, ја тужеше ФДА, велејќи дека одобрувањето на мифепристон ја „отфрла“ науката, ги „игнорира“ потенцијалните влијанија врз здравјето и ги „игнорира“ компликациите што можат да произлезат од потрошувачката.

„ФДА ги пропушти Американките и девојките кога ја избра политиката наместо науката и одобри лекови за хемиски абортус за употреба во Соединетите држави“, велат од групата. Со оглед на тоа што противниците на абортусот сега се фокусирани на ограничување на пристапот до мифепристон, употребата е веќе стопирана во приближно 15 држави кои го забранија абортусот по одлуката на Врховниот суд во 2022 година.

Оваа тужба се обидува да го забрани мифепристон на национално ниво со поништување на одобрението на ФДА за употреба. ФДА побара од судијата да го отфрли тоа барање. „Јавниот интерес би бил драматично оштетен со ефективно повлекување на безбеден и ефикасен лек кој е легален на пазарот 22 години“, соопшти ФДА.

Обвинителите сакаа судијата Качмарик да го води случајот поради неговите длабоко конзервативни христијански верувања и претходниот став против абортусот. Очигледно плашејќи се од собир на демонстранти пред судската зграда во Амарило, Качмарик првично се обиде да го задржи сослушувањето во тајност до последен момент, но тоа беше протечено во медиумите.

Ако судијата пресуди во корист на тужителот, на бремените жени ќе им остане само мизопростол, уште едно медицинско апче за абортус. Но, само конзумирањето на мизопростол е физички потрауматично, а некои стравуваат дека лекарите можеби не сакаат да го препишат сам, без мифепристон.

Ако мифепристон биде забранет, „пристапот до медицински абортус би бил блокиран низ целата земја – дури и во оние држави каде што се заштитени правата за абортус“, предупреди Центарот за репродуктивни права.

„Одлуката би била без преседан, како што знаете, и погубна за жените. И ние би можеле да се најдеме на непозната територија“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за новинарите минатата недела. „Ние тесно соработуваме со Министерството за правда и (Министерството за здравство и благосостојба) за тоа како да се подготвиме за секој можен исход“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот