Судијата Ристов не е приведен, не се знае ни дали Обвинителството ќе бара да оди во притвор
Судијата од скопска Апелација Ѓоко Ристов, на кого истражителите на ОЈО ГОКК и полицијата денеска му пронајдоа 350.000 евра скриени во заѕидан отвор во ѕид, засега не е ни приведен, а не се знае ниту дали Обвинителството ќе бара тој да оди во притвор. Ова произлегува од она што во врска со случајот вечерва го соопшти ОЈО ГОКК.
Препорачано
„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител ценејќи ги сите околности деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот за што навремено ќе информираме”, велат во штуриот одговор од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Според прописите, Обвинителството најпрвин треба да побара, а судија на претходна постапка барањето го препраќа до Судскиот совет, кој мора итно да одлучува за тоа дали на некој судија ќе му се симне имунитетот, за тој да оди во притвор.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница
Попладнево, ОЈО ГОКК информираше дека во домот на родителите на судијата Ристов, кој се поврзува со случајот со 50.000 евра мито кои ги примил адвокатот Фехми Стафа, биле пронајдени 350.000 евра заѕидани во специјален отвор во ѕид. Стафа беше уапсен со примените пари, кои според Обвинителството требало да му ги предаде на судија од Апелација, за тој да го ослободи од притвор неговиот клиент, Љупчо Пецов-Ѓаволот.
Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница


