Судијата го казни Трамп со 9.000 долари и се закани со затвор во сличајот за премолчувани пари

Доналд Трамп на денешноторочиште беше обвинет за непочитување на судот и заработи казна со 9.000 долари за повеќекратно прекршување на наредбата да молчи и да не дава јавни изјави за сведоците, поротниците и некои други лица поврзани со неговиот случај за прикривање пари во Њујорк.

Ако го повтори делото, судијата го предупреди дека може да биде затворен.

Обвинителите навеле 10 прекршувања, но њујоршкиот судија Хуан М. Мерчан утврдил дека имало девет.

Пресудата беше жесток укор на инсистирањето на републиканскиот поранешен претседател дека ги користи своите права за слобода на говорот.

Суптилната закана на судијата дека ќе затвори поранешен претседател сигнализираше дека и онака несигурната правна положба на Трамп може дополнително да се влоши во зависност од неговото однесување за време на судењето.

Мерчан напиша дека е „многу свесен и ги заштитува“ правата на Трамп од првиот амандман, „особено со оглед на неговата кандидатура за функцијата претседател на Соединетите држави“.

„Критично е важно легитимните права на слободата на говорот на обвинетиот да не бидат скратени, тој да може целосно да води кампања за функцијата што ја бара и да може да одговори и да се брани од политички напади“, напиша Мерчан.

Сепак, тој предупреди дека судот нема да толерира „намерно прекршување на неговите законски наредби и дека доколку е потребно и соодветно под околностите, ќе изрече затворска казна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот