Суд казнил фризерски салон со 270.000 долари поради погрешна фризура

Unsplash
Фото: Unsplash

Судот во Индија му нареди на еден фризерски салон да плати 20 милиони рупии (271.000 долари) како отштета на манекенката за погрешна фризура.

Во тужбата се наведува дека жената поради својата долга коса често добивала ангажмани кај компаниите за производство на производи за коса, но дека во фризерскиот салон не била потстрижена според дадените упатства, поради што претрпела голема загуба, пренесува Би-би-си.

Индиската Национална комисија за решавање потрошувачките спорови (НЦДРЦ) соопштила дека жената ги загубила „очекуваните работни ангажмани и претрпела огромна загуба којашто целосно го променила нејзиниот животен стил и ѝго уништил сонот да стане врвен модел“.

„Таа претрпела тежок психички слом и траума поради негрижата при стрижењето на косата и не можела да се концентрира на работата и на крајот ја изгубила работата“, се наведува во пресудата.

Манекенката во 2018 година отишла во еден хотел, во кој се наоѓа фризерскиот салон, и на вработените им дала посебни упатства за изгледот што го сака, но фризерот исекол голем дел од нејзината коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот