Студија открива: Ужасни кошмари и халуцинации може да бидат рани знаци за една автоимуна болест

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Нова студија сугерира дека кошмарите и халуцинациите можат да бидат рани знаци на една автоимуна болест.

„Многу години разговарав за кошмарите со пациенти со лупус и мислев дека се поврзани со болеста. Оваа студија дава докази за тоа“, рекол авторот на студијата Дејвид Д’Круз.

Истражувањето е фокусирано на лупус, автоимуна болест која може да предизвика воспаление низ целото тело. Истражувачите анкетирале 676 луѓе со лупус за времето на појава на 29 невролошки и ментални симптоми како депресија, халуцинации и губење на рамнотежа.

Тројца од пет пациенти изјавиле дека имале нарушен сон. Третина од нив изјавиле дека овој симптом се појавил повеќе од една година пред почетокот на лупус.

Речиси секој четврти учесник рекол дека има халуцинации. На халуцинациите често им претходеле кошмари во кои луѓето биле нападнати или заробени.

Авторите на истражувањето ја истакнале важноста од рано препознавање на симптомите за да се спречи погрешна дијагноза од страна на лекарите. Не постои лек за лупус, но симптомите и воспалението може да се контролираат со лекови и промени во животниот стил.

„Важно е лекарите да разговараат со своите пациенти за овие типови симптоми и да ја евидентираат индивидуалната прогресија на симптомите на секој пациент“, рекла авторката на студијата Мелани Солан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот