Платежна картичка / терминал

Студентскиот оброк од октомври ќе се исплаќа преку наменска платежна картичка

Министерството за образование и наука воведува нов начин на исплаќање на средствата од студентскиот оброк. Во новата академска година, студентите ќе добиваат парични средства на наменска платежна картичка. Министерот Јетон Шаќири истакна дека ова е системското решение со кое студентите ќе добиваат финансиска поддршка само за намената за која се одвојуваат од буџетот на МОН.

Средствата ќе се исплаќаат преку Шпаркасе банка АД Скопје, со која МОН денеска склучи договор. Сите студенти кои ќе стекнат право на субвенциониран студентски оброк, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменската платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на банката.

За отворањето на сметката, издавањето и одржувањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци. Наменската картичка е дел од пакетот што ќе го добие студентот кој стекнал право на субвенциониран студентски оброк.

Годишно, за оваа мерка од буџетот на МОН се одвојуваат над 940 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот