Струга славеше минимално против Пјуник во Конференциската лига
Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига екипата на Струга на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид триумфираше минимално со 2:1 против Пјуник.
Препорачано
Во текот на првото полувреме актуелниот македонски шампион водеше со голот на Ибраими од пенал во осмата минута.
Ерменците успеаја да дојдат до израмнување во 23 минута со удар од белата точка кој го реализираше Виљела.
Од 60 минута Пјуник остана без еден фудбалер на теренот поради црвениот картон на Вакуленко.
Ваквата предност на теренот ја искористи Струга која во 73 минута дојде до нова позитива преку Спировски кој постигна прекрасен гол од околу 20-25 метри.
Дали вакват минимална предност ќе биде доволна за играчите на Ќатип Османи за пласман во следната фаза, останува да се види на реваншот закажан за 30 јули во Ерменија со почеток од 18.00 часот.
Потсетување, доколку Струга го елиминира Пјуник, во третото квалификациско коло ќе игра против победникот од двомечот Диферданж – Ордабаси, а по првите 90 минути претставникот од Луксембург Диферданж има предност од 1:0 против тимот од Казахстан.


