Струга без Нигериецот Укпа во реваншот против Есперанж

фото: fcstruga.com

Струга Трим Лум доцна синоќа пристигна во Луксембург, каде во четврток ќе го одигра реваншот против Есперанж, во третото квалификациско коло од Конференциската лига.

За овој мошне важен натпревар за актуелниот македонски шампион, тренерот Шпетим Дуро нема да може да смета на услугите на Хоган Укпа, бидејќи нигерискиот фудбалер не доби виза од германските власти.

Укпа останува во Скопје и чека позитивен одговор од германската држава, иако сѐ уште немаат до овие моменти конкретен одговор околу забраната за играчот на Струга.

Потсетување дека на првиот меч одигран во Скопје, играчите на Дуро забележаа победа од 3:1 над шампионот на Луксембург,

Струга е поблиску до пласман во плеј-офот каде што би играла најверојатно со исландскиот Бреидаблик кој има негатива од 6:2 по првиот дуел со Зрињски од Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот